Во Велес измерени 37 степени
07-07-2015 РЕГИОН

Жешкото сонце ги испразни градските улици. Македонија е зафатена од топлотен бран. Според прогнозите на управата за хидрометеоролошки работи, највисоката дневна температура денеска во Велес достигна 37 степни. Лекарите велат дека сите треба да бидат внимателни. Препорачуваат да се избегнува престој на отворено, да се пијат природни и безалкохолни пијалоци а хронично болните редовно да ја примаат пропишаната терапија..

 

Топлотниот бран ги мобилизираше и здравствените власти.. По препорака на министерството за здравство, лекари од здравствените домови секое попладне ќе реализираат превентивни прегледи на градските улици.. Ваков пункт во Велес ќе има во центарот на градот.. Препораки за заштита од високите температури подготви и управата за хидрометеорологија.. Во писмениот допис испратен до медиумите пишува дека од топлото време најранливи се старите, деца до 4 години, хронично болни и луѓе кои работат на сонце.. Во соопштението од ухмр се вели да се избегнува престој на отворено во периодот од 10 до 17 часот, да се носи лесна облека, подолго време да се престојува во климатизирани простории но и да се внесува лесна храна.. Инаку порастот на температурите го зголеми бројот на повици и кај итната медицинска помош..

 

Според прогнозите на управата за хидрометеоролошки работи, утре во Велес дневната температура ќе се искачи за уште два степена и ќе достигне до 39.. Топлото време се очекува да потрае до четврток кога попладне се оечкуваат врнежи и пад на температурите за 4-5 степени.

 

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар