Во Велес во првите три месеци помалку одобренија за градба
13-05-2015 РЕГИОН

Намален е бројот на издадени одобренија за градба во велес.. Ова го покажуваат податоците на државниот завод за статистика.. Во првите три месеци од годинава се издадени  12 градежни дозволи.. На крајот од минатата година бројкта била речиси двојно поголема.. Во месеците ноември и декември се издадени 23 решенија за градење..

Според статистика, минатиот месец се издадени најголем број одобренија за градба.. Државниот завод регистрирал шест дозволи - пет за физички лица и едно за фирма.. Овие имаат и најголема вредност.. Така според статистика, објектите е предвидено да чинат скоро 40 милиони денари..

Според податоците на државниот завод за статистика, во февруари во велес е издадено само едно одобрение за градба.. Во првиот месец од годината пак се издадено 5 градежно дозволи.. Сите се на физички лица.. Вредноста на објектите кои ќе се градат изнесува околу 3 милиони денари или околу 50 илјади евра..  

Инаку статистика секој месец објавува податоци со број на издадени одобренија за градба.. Според овие информации, најголем дел од градежните дозволи се за изградба на повеќекатни објекти.

З.Ј



Share

Додади коментар