Во болницата во Кавадарци пристигна апаратот за компјутерска томографија
24-11-2021 РЕГИОН

Денес, во Кавадаречката болница е испорачан Апаратот за Компјутеризирана томографија од производителот Филипс.

 

Апаратот е еден од најсофистицираните томографи кој што постои на пазарот.  Истиот е во вредност од 400.000 евра у е донација од ЕУ.
Во понатамошниот период следи постапка за соодветна адаптација на просторот.


„Паралелно, ќе се одвива и едукација на медицинскиот персонал од нашиот рентген оддел на Институтот за радиологија во Скопје.  Се надеваме дека целиот овој процес ќе биде завршен во оптимален временски рок, во кој КТ апаратот ќе биде ставен во функција. Со тоа, ќе ја постигнеме крајната цел, а тоа е да оваа многу важна дијагностичка постапка биде достапна на сите граѓани од нашиот Тиквешки регион“ вели директорот на болницата д-р Диме Коцев.

 

 



Share

Додади коментар