Во 12 земји може да се патува со македонска возачка

Министерството за внатрешни работи известува дека Република Македонија има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

 

Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија, како и со Австрија (Б категорија).

 

Во тек се и договори за признавање на возачките дозволи со Косово, Турција и Германија.

 

Исто така Министерството за внатрешни работи и на останатите земји од Европа (32) им има доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција.



Share

Додади коментар