Внимавајте на крлежите!

За нешто помалку од 10 дена на Клиниката за инфективни болести примени се 58 пациенти со регистриран убод од крлеж. Исто така јавно е дека се регистрирани и убоди на на крлежи и во други инфективни одделенија ширум државата. Инфектолозите велат дека пациентите не биле сериозно загрозени и дека биле само амбулантски третирани, а веднаш потоа пуштени дома, пренесува Здравство24.

Немало хоспитализации на потешки пациенти. Но пред да заминат добиле упатства од лекарите како да се однесуваат при каснување од крлеж и кога задолжително да побараат медиицнска помош. Исто така во никој случај не смее крлежот да го вадат на своја рака. Според инфектолозите ова е вообичаен период кога примаат вакви пациенти кои ги има од сите возрасти. затоа и министерството за здравство уште пред 2 месеци излезе со препораки за заштита од крлежи – носење на долга облека при престој во шума.

Во услови кога крлежот се отстранува во домашни услови или пак е задоцнето одењето на лекар, може да дојде и до посериозни компликации по здравјето односно до појава на лајмска болест.



Share

Додади коментар