ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДСМ да зборува за почитување на мерки-пола партија им е во самоизолација
10-06-2020 РЕГИОН
Република Македонија е црна точка во регионот и во Европа, а кластерот СДСМ е ризик за граѓаните - реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на денешното соопштение до јавноста од ОО СДСМ Кавадарци.
(интегрален текст) Кластерот СДСМ преку изградениот хибриден режим потврден и од релевантните меѓународни институции единствено се грижи за партиската фотелја на Зоран Заев кој е директно одговорен за неспособноста на власта да се справи со здравствената и економска криза.
СДСМ го доведува здравјето на граѓаните во опасност истовремено злоупотребувајќи го државниот апарат за следење на опозицијата.
Срамно е СДСМ да зборува за почитување на мерките и препораките кога пола партија им е во самоизолација.
Подобро би било СДСМ да кажат колку граѓани се заразија од нивните функционери додека вршеа класичен предизборен поткуп.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Додади коментар