ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ниту знае, ниту пак има способност да се справи со економската и здравствена криза
21-05-2020 РЕГИОН
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска во писмената реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ Кавадарци обвинува дека „СДСМ ниту знае, ниту пак има способоност да се справи со економската и здравствената криза“.
(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Последната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци е само уште една лага во низата на лаги и манипулации.
Додека граѓаните се борат со сиромаштијата, ОО СДСМ Кавадарци промовираат паушални прес конференци во кои ниту тие самите не си веруваат.
Освен со економската и здравствената криза, граѓаните се соочуваат и со неспособна криминална влада.
СДСМ ниту знае ниту пак има способноста да се справи со економската и здравствената криза.
Над 33.000 работници од облста на туризмот и угостителството се на привремен одмор без месечни примања, а многу мал број на стопанственици ги имаат искористено мерките бидејќи реално не нудат никаква помош.
На удар на Заев и СДСМ се и земјоделците
Земјоделците на годишно ниво треба да платат и до 2.729.202.000 денари, односно 44.377.268 евра повеќе затоа што Заев решил да го полни буџетот на нивен грб. На пример земјоделец со 5 хектари земјиште за еднократна обработка на истото ќе потроши во просек 20 литри гориво на хектар односно 100 литри за 5 хектари, тој само заради покачувањето на акцизата ќе плати 350 денари повеќе за еднократна обработка.
На СДСМ единствено им е важно луксузирањето на сметка на граѓаните.
Додека граѓаните се оставени сами на себе владата на СДСМ во време на економска и здраствена криза набавува морска храна, скапи пијалаци, виски, шампањи, вина.
Македонската економија е пред колапс, потребна е итна стратегија, а не задоценти мерки.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Додади коментар