ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже и ја манипулира јавноста за да го оттргне вниманието на јавноста од катастофата што и се случува на Македонија
08-06-2018 РЕГИОН

 

Во текот на вчерашниот ден имавме неаргументиран напад од страна на општинската организација на СДС Кавадарци кон градоначалникот Митко Јанчев, со што на најдрзок начин сакаат да го маргинализираат целиот негов труд во досегашното работење за кое граѓаните се сведоци.

СДСМ лаже,СДСМ само ја манипулира јавноста со цел за да се отргне вниманието на јавноста од економската и политичка катастрофа која и се случува на МАКЕДОНИЈА во овој период благодарение на погубните политики кои ги води владата на Заев и неговиот картел во изминатата година - одговорија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци по вчерашните обвинувања од СДСМ за покачен данок на имот.

 

 

( интегрален текст)  Само неколку часа пред да излезат на пресс Кавадаречките Социјалдемократи, кога сите очекуваме да се објави до каде ќе се оди со лицитацијата на името на државата од страна на Заев, на официјалната страна на државниот завод за статистика излезе податок дека Македонија бележи државен раст на бруто домашниот производ од само 0,1 процент. Најнизок во регионот и во Европа.

Почитувани Социјалдемократи тоа ли сакавте да го сокриете? Со 0,1 % на раст не се стигнува до 500 евра плата во Македонија, со 0,1 процент на раст, докторите може да сонуваат за 100 000 денари плата.

Наместо со бледи и неаргументирани прес конференции да ја дефокусирате јавноста, ве повикуваме да ја убедите вашата врхушка од власта да ја укине акцизата за нафтата од 3,5 денари по литар со која досега ги оштетивте граѓаните за над 40 милиони евра, да ги обештетите кавадаречките земјоделци за ланските пролетни мразеви и тоа 100% како што им ветувавте пред изборите а не 10% кои сега ги најавувате а и тие не им ги исплаќате.

И на крај почитувани Социјалдемократи!

Јавноста очекува да кажете која е вашата позиција во советот на општина Кавадарци кој е највисок орган на одлучување во општината.

 

 

Дали вашето мнозинство во советот го користите само за задоволување на личните и партиски интереси? И кога сериозно ќе почнете да размислувате и да работите на клучни прашања кои ги засегаат граѓаните?

Конечно кажете дали сте власт или опозиција?

Доколку сте власт почнете посветено да работите за интересот на граѓаните!

Доколку сте опозиција повлечете ги вашите партиски директори и раководители кои се во надлежност на Локална самоуправа Кавадарци!



Share

Додади коментар