ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги манипулира граѓаните на Кавадарци исто како што тоа го правеа и со штетниот закон за двојазична Македонија.
06-09-2017 РЕГИОН

 

На писмената реакција на ОО на СДСМ Кавадарци се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

 

Во врска со населувањето на бегалци на територија на цела Македонија, СДС ги манипулира граѓаните на Кавадарци исто како што тоа го правеа и со штетниот закон за двојазична Македонија.

 

Тие предизборно ги лажеа Кавадарчани дека не постоела таква работа и дека сето тоа било измислица на ВМРО-ДПМНЕ. Денес гледаме дека законот за двојазична Македонија не е измислица и дека моментално е во процедура на гласање, и тоа го прават со злоупотреба на европското знаменце за да неможе да се блокира од пратениците.

 

Сега тие на ист начин како што ни направија со штетниот закон за двојазичност, тоа го прават и со стратегијата за населување на мигранти 2017-2027 донесена од министерството за труд и социјална политика. СДС пред локалните избори викаат дека ќе нема мигранти и дека сето тоа е во главите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, за по избори да биде касно и да им биде полесно да ги воведат во системот на Македонија и тоа без да бидат прашани граѓаните.

 

СДС ги лажат граѓаните со истото сценариjо. Затоа, жителите на Кавадарци нема да дозволат СДС и Зоран Заев да продолжат со расипничката политика и со наметнување на работи кои се неприфатливи ниту за жителите на Кавадарци, ниту пак за жителите на цела Македонија. Со стратегијата за населување мигранти, бегалци и странци 2017-2027 и акцискиот план кој што СДС и Заев сакаат да им го наметнат на Кавадарчани и со сила да населат мигранти на територијата на Општина Кавадарци само го покажува нивниот начин на управување. А тоа се страв, создавање на несигурност, хаос и безредие.

 

Социјадемократскиот сојуз планира на бегалците, мигрантите и странците да им даваат македонско државјанство, да градат станбени згради, да ги интегрира во општеството со што ќе добијат можност за вработување, односно СДС сака трајно да ги насели на територија на општина Кавадарци. СДС и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска тоа го потврди неколку пати кога одбиваше да присуствува и јавно да расправа за владината стратегија.

 

Намерата на Заев и Царовска ја потврдуваат дури и советниците на Социјадемократскиот сојуз во Битола и Штип. А во општините Куманово и скопската општина Центар, каде што градоначалниците се од СДС оваа точка за распишување на референдум за мигранти не се ни најдe на дневниот ред. Сигурноста и безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет на секоја влада. Жителите на Кавадарци ќе ги казни СДС за штетите кои безмилосно ги нанесуваат. На 15 октомври на ИЗБОРИ Жителите на Кавадарци ќе го спречи овој хаос и безредие.



Share

Додади коментар