ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавите на градоначалникот Јанчев
27-11-2018 РЕГИОН

 

 

По најавите на градоначалникот и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев дека заедно со поранешниот министер Никола Тодоров ќе му помогнат на премиерот Заев околу двотретинско мнозинство за устваните измени, попладнево со писмена реакција се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

 

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавите на градоначалникот Митко Јанчев и најостро ги осудува неговите активности во делот на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставни измени и за спроведување на штетниот, капитулански и асиметричен договор со нашиот јужен сосед.

 

ОК на ВМРО-ДПМНЕ  ги почитува одлуките на партиските органи и нивниот јасно изразен став за неменување на Уставотсо цел промена на уставното име.Истовремено го потсетуваме градоначалникот дека тој мора да ја почитува волјата на мнозинството граѓани,кои недвосмислено на 30ти септември го искажаа својот став и застанаа против промена на Уставот,а со тоа и промена на уставното име.ОК на ВМРО-ДПМНЕ целосно го поддржува Претседателот Христијан Мицкоски во неговите напори за евро-атланска интеграција на Македонија и влез во овие структури под Уставното име.

 

Го повикуваме градоначалникот Јанчев утре да се приклучи на протестот ,заедно со неговите соборци од локалните избори,со луѓето кои стоеја рамо до рамо со него,кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

 

            Јавно го прашуваме градоначалникот,кои се опструкциите што ги прави Претседателот Христијан Мицкоски и во која насока е неговата “конструктивност” заедно со поранешниот министер Никола Тодоров?

 

Доколку се повикувате на транспарентност во носењето на уставните амандамани, од каде ви е потребата да се договарате со фамилијата Заеви во хотел, далеку од очите на јавноста?

 

И за крај сакаме да го прашаме Митко, дали се консултира со граѓаните кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболицираниот криминалец Заев, го дадоа својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. После овие постапки на градоначалникот, Општинскиот комитет во наредниот период ќе направи темелни анализи,и ќе донесе соодветни одлуки за делувањето на партијата на локално ниво.

- се вели во писмената реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.



Share

Додади коментар