ВМРО-ДПМНЕ: Време е да заврши шерифското однесување на Вице Заев и Зоран Заев

Интегрален текст од прес конференцција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски

„СДСМ очајно се труди по секоја цена да се постави над законот. Конкретно фамилијата Заеви мислат ја поседуваат целата држава и институциите.

Според дел од медиумите вчера во полициска акција МВР привело неколку луѓе кои го кршеле полицискиот час во Струмица. Инаку лицата се блиски до Зоран и Вице Заеви, а работеле до доцна во ноќта – до полноќ, подготвувајќи пакети брендирани од СДСМ, кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните.

Ова е вест која што денеска осамна во медиумите.

Шерифското однесување на семејството Заеви кои мислат дека се над законот и дека поседуваат се и секого во државава, стигнало дотаму, да Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот.

Епа друже Вице Заев, за жал мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност.



Share

Додади коментар