Претседателот на УМС ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Филип Тасев денеска на прес конференција го критикуваше работењето на СДСМ. Поосчи дека после 12 април, откако Мицковски ќе станел премиер, работите ќе биле многу подобри...
(интегрален текст) Како доаѓа 12ти Април така се повеќе и повеќе СДСМ е во паника, но најмногу е во паника затоа што му се случи народ на маршот против неправдата во Република Македонија.
Повеќе од јасно е дека на 13 ти Април, Влада во Република Македонија ќе формира ВМРО – ДПМНЕ на чело со проф. д-р Христијан Мицкоски.
Во изминатиот период како најголема политичка партија презентиравме еден дел од мерките во кој ВМРО – ДПМНЕ ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори.
Како и во минатото, така и сега се обрврзуваме дека ќе работиме неуморно за да ги реализираме предизборните ветувања.
Исто така морам да истакнам дека младите сакаат едно модерно европско општество, општество во кое ќе гледаат просперитет и сигурна егзистенција, за себе и за својата фамилија.
Морам да истакнам и дел од предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ:
-0% персонален данок за млади до 29 години;
-Невработеноста да се намали под 10%;
-За 4 години планиран раст на БДП од 4 проценти на годишно ниво; -4 милијардно домашни и странски инвестиции;
-Нови евтини летови до главните еврропски аеродроми;
-Целосна дигитализација за нула корупција во катастарот;
-300 милиони евра инвестиции во нови водоводни и канализациони мрежи.
Исто така ќе има големи инвестиции во делот на енергетиката, а со самото тоа и подобрување на животната средина.
Во делот на екологијата и енергетиката предвидени се крупни проекти и тоа:
-целосна гасификација на Македонија;
-гас за секое домаќинство;
-целосна гасификација на медицинските центри;
-ветерен парк, инвестиции во обновливи извори на енергија;
-енергетска обнова на домовите (нова фасада и нови прозорци до 50% на трошок на државата.
Почитувани,
Има уште многу реални проекти кои може да ги наброиме како дел од новата и реална програма на ВМРО – ДПМНЕ, и коалицијата за Обнова на Македонија.
Затоа сакам да им порачам на СДСМ, дека младите и граѓаните на Кавадарци веќе препознаваат сериозен партнер во ВМРО – ДПМНЕ, за подобар живот, просперитет за себе и најблиските.
За крај сакам да порачам Обновата доаѓа, а со самото тоа и повеќе за секого.
Додади коментар