Владата ќе вработи 1600 социјално загрозени лица

Започна постапката за вработување на 1.600 лица од социјално ранливи општествени групи, која ќе се реализира во неколку чекори.

Како што информираше на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, овие 1.600 лица, за кои денеска е објавен јавен оглас за вработување, првично ќе бидат вработени во јавното претпријатие Македонски шуми, а потоа, во зависност од потребата, ќе бидат прераспределени во други министерства и институции.

-Изборот на кандидати ќе се врши согласно следните критериуми на бодирање. Така долгорочното невработените лица ќе добијат 40 бодови за остварени приходи во домаќинството, 40 бода за години на невработеност и 20 бода за години на стаж потребни за стекнување на услови за пензија. Втората категорија, лицата од многудетни семејства ќе добијат 40 бода за број на деца во семејството, 40 бода за приходи на домаќинството и 20 бода за самохрани и еднородителски семејства. Третата категорија, самохрани родители и еднородителки семејства ќе добие 50 бода за приходи од домаќинство, 25 бода за број на деца во семејството и 25 бода за години на невработеност. Четвртата категорија невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен ќе добие 40 бода за приходи од домаќинство, 40 бода за број на деца во семејство и 20 бода за број на членови во семејство, истакна Ѓорѓиев.

Втората категоризација, како што рече владиниот портпарол ќе биде во зависност од квалификациите на лицата. Со ниска стручна спрема ќе бидат вработени 976 лица, односно по 244 во рамките на секоја категорија, со средна стручна спрема 476, односно по 112 лица во секоја од наведените четри категории и 152 лица со висока стручна спрема или по 38 лица во секоја категорија.

Огласот објавен денеска ќе трае еден месец, односно до 22 јуни



Share

Додади коментар