ОО на СДСМ Неготино на прес конференција денеска упати повик до советниците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за проблеми кои ги тиштат жителите на Неготино, а не, како што рече портпаролот Диме Витанов, за прашања кои не се во надлежност на општината.
(интегрален текст)
Почитувани господа од ДПМНЕ, никако да ја сфатите пораката која ви ја испраќаат граѓаните на Македонија. Пробавте со измислување на Тиранска платформа, неуспеавте. Па продолживте со наметнување на теза дека некој ја продава Македонија со договорот за добросесдство со Република Бугарија, и тоа не ви успеа. Сега се обидувате со нова лакрдија да ја замајувате јавноста.
Почитувани граѓани, денес повторно, јасно и гласно го повторуваме нашиот став Макеоднија е транзитна земја за бегалците, ниту на територијата на Македонија ќе се градат станови а најмалку па на територија на општина Неготино! Ги повикуваме луѓето од ДПМНЕ Неготино да престанат со ширењето на лаги, манипулации и создавање на паника кај граѓаните.
Господа од ДПМНЕ не обвинувате дека сме ја напуштиле седницата на Совет и дека сме бегале од дебата.Истовремено не споменувате дека откако советничката група на СДСМ ја напушти седницата, во салата останавте 7 Советници. Значи и двајца од советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ја напуштиле седницата. Сакаме да ви порачаме дека наместо да покренувате дебата во Советот за прашања кои општина Неготино и Советот немаат надлежност , ајде да разговараме за секојдневните проблеми на неготинчани. Ајде покренете дебата за водоснабдувањето во Неготино.
До каде стигнавме со подобрувањето на водоснабдувањето? Колега Манчев, градоначалникот Апостолов, на кого вие сте му нем послушник во Советот, одпоодамна зборува дека рестрикциите на вода во Неготино се минато. Неготинчани и ден денес се соочуваат со рестрикции на вода за пиење. Иако ја задолживте општина Неготино со кредит од 1 000 000 евра неготинчани никако да го видат бенефитот од трошењето на тие средства.
Полна Ви е устата зборувајќи за Владата на Република Македонија. Зборувајќи за Владата заборавивте да кажите дека токму оваа Влада, предводена од Зоран Заев во овие 60ина дена ги прави сите напори за исплата на заостанатите субвенции кон лозарите. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство распиша оглас за доделување на земјоделско земјиште на користење на земјоделците. Распишан е оглас за доделување на 10 000 евра за млади земјоделци.
Ова се мерки на Владата која ке придонесе за повисок стандард на земјоделецот во Неготино и во Република Македонија. Овие политики како и многуте други ги гледаат и чуствуваат граѓаните на Неготино. Вашите погубни политики за Неготино, неготинчани веќе ги видоа, вашите катастрофални политики неготинчани ке ги казнат на 15 Октомври. Благодарам
Додади коментар