Високите температури прават штети врз земјоделските култури
10-08-2017 РЕГИОН

Долгиот сушен период кој ја зафати земјава негативно се одразува здравјето на земјоделските култури. На удар се виновата лоза, градинарските но и овошните култури.

 

„Штетите се поради високите температури и долгиот сушен период. Хидролошката состојба е многу лоша, ако се земе во предвид дека имавме сува и ладна зима, а сега имаме температури над 40 степени. Дожд речиси и нема, а таму каде го има е пороен, а често проследен и со врнежи од град. Оштетувањата на земјоделските култури најчесто се проследени со опекотини. Плодовите изгледаат како изгорени“ вели проф. Д-р Ристо Вучков.

 

Тој нагласува дека опасноста врз земјоделските култури ја има и во наредниот период, бидејќи после краткото заладување викендов, повторно се очекуваат високи температури.

 

A.Д



Share

Додади коментар