Висока оценка за првата клапа од „Женска итрина“
13-06-2014 РЕГИОН

Неодамна се снимаше првата клапа од филмот „Женска итрина“, втор за Тиквешијата по успешно сниманиот и презентеиран кавадаречки филм „Каца“. Познатиот кавадаречки актер Александар Видиков кој исто е дел од тимот сценаристи е презадоволен и импресиониран од тоа како помина првата клапа на Женска итрина.

 

Видиков очекува професионалност од тимот до самиот крај на снимањето, а според планот Женска интрина премиерно публиката би го гледала во ноември.

 

Финансиската конструкција засега е таква каква што е вели Видиков.Тој очекува ветеното да го исполнат општините, но помош очекува и од Бизнис секторот во Тиквешијата. Ако некој бизнисмен сака финансиски да го помогне филмот ние сме тука, ќе бидеме благодарни и филмот ќе си добие рекламен простор во истиот додава Видиков.

 

Снимањето би завршило најдоцна до почетокот на октомври.Продукциска куќа на истиот е ктв, а премиерата е планирана за во ноември годинава.

М.М



Share

Додади коментар