Викендов и понатаму ќе имаме сув студ!
07-02-2025 РЕГИОН

Времето ќе биде сончево, со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Да напоменам само дека, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри наутро температурата има можност да се спушти и до околу -10 степени.
Што се однесува до времето во Кавадаречкиот регион за овој викенд, и таму ќе имаме стабилно и суво време, наутро студено со услови за појава на магла и со минимална температура која ќе се спушта до околу -2 степени, а максималната температура ќе се искачува до околу 6 степени.
Славчо Попоски

Додади коментар