Црн викенд на патиштата околу градско.. Во две сообраќајки се повредени 11-мина.. Според соопштението на велешката полиција, меѓу повредените има и четири годишно дете. Од велешката болница информираат дека на сите им е укажана лекарска помош а двајца поради сериозните повредени се задржани на хирушките клиники..
Во првата сообраќајка учестувале два автомобила.. „Цитроен ц4“ и “форд ескорт“.. Цитроенот го управувал 30 годишен неготинец, додека зад управувачот во фордот седел 49 годишен жител на селото црвени брегови. Несреќата се случила на магистралниот пат градско-прилеп околу 18 часот.. Од засега неутврдени причини едно од возилата преминало во спротивната лента и директно удрило во автомобилот кој доаѓал од спротвиниот правец.. Во несреќата двете возила се целосно уништени а тројца кои се превезувале се повредени.. Портпаролот на велешката болница силавана мишкова, во телефонски разговор за канал21 потврди дека на хирушкото одделение се донесени три лица.. По укажаување на лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување..
Синоќа се случи втората сообраќајка на територијата на општина Градско.. Околу 16 часот излета автомобил Мерцедес.. Несреќата се случила на патот велес-градско на таканаречениот шарен мост.. Возилото удрило во бетонски столб од мостот и се првртел.. Во сообраќајката се повредени сите патници и возачот на мерцедесот.. На хирушкото одделение во велешката болница биле донесени осуммина повредени.. Портпаролакта мишкова вели двајца имале потешки повреди па се задржани на лекување.. Едниот се здобил со скршеница на ногата а другиот имал скршени ребра..
Од секторот за внатрешни работи велат дека и на двете сообраќајки по наредба на јавен обвинител е направен увид.
З. Јаневски

Додади коментар