Повардарската епархија викендов организира групна крштевка во реката бабуна.. седма година по ред ќе се одржи чинот на светата тајна - крштение.. групното крштевање ќе се реализира во сабота.. до денеска, се пријавени 20-тина кандидати..
од повардарската епархија велат дека сите кои сакаат да се крштеваат е потребно да носат и сведок.. инаку чинот на крштевање не завршува на реката бабуна.. веќче следниот ден сите кои ќе крстат треба да ја проследат и неделната литургија..
пред седум години повардарската епархија ја воспостави праксата за групно крштевање во реката бабуна.. до сега повеќе од 300 луѓе ја имаат примено православната вера на овој начин..
од повардарската епархија велат на групната крштевка во сабота, освен велешани можат да се пријават и луѓе од соседните општини.
Зоран Јаневски

Додади коментар