Викенд на „високи октани“ во Кавадарци
27-09-2019 РЕГИОН

Овие натпревари најпрво се одржувале во рамки на Југословенскиот, а подоцна и во рамки на Македонскиот шампионат и истите важеле за едни од најдобро организираните мото натпревари за своето време.
Оваа година натпреварот ќе се одржи на 28 ми и 29 ти септември на патеката која се протега на патниот правец брана Моклиште - Витачево и е во должина од 5,3 км - информираат од општина Кавадарци.
Свое учество во трката ќе земе и Градоначалникот Митко Јанчев.
За оваа трка во двата дена се предвидени две локации, Градски плоштад и брана Моклиште.

Сабота - 28.09.2019 г.
Градски плоштад 10 часот започнуваат техничките прегледи и верификациите а потоа и поаѓање кон стазата за тренинг возење.
Недела - 29.09.2019 г.
Градски плоштад 9:30 часот Свечено отварање а потоа поаѓање кон стазата на брана Моклиште.
Поради оваа организирана мото трка се известуваат граѓаните дека патот во двата правци, од Брана Моклиште до Витачево во должина од 5,3 км , ќе биде целосно затворен за сообраќај.

Додади коментар