Во континуитет општина Кавадарци работи на реализација на проект, кој овозможува водоснабдување на населбата Брушани на Тиквешкото Езеро.
По завршувањето на проектот за главната водоводна линија во оваа населба, во должина од 4755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа од 10627 метри, се приклучуваат викенд куќите на водоводниот систем. Планирани се околу 600 приклучоци.
Проектот се реализира во три фази. Парите во висина од 26 милиони денари, за првите две фази беа обезбедени преку ТАФ програмата, како грант за општина Кавадарци, а и општината учествува со свои средства во висина од 5 милиони денари за индивидуалните приклучоци.
„После 20 години за прв пат општината реализира ваков поголем проект за водоснабдување надвор од градот. Моја лична тенденција е сите викенд населби да добијат водоснадување и канализациона мрежа“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
А.Д

Додади коментар