Уште од пладне во Кавадарци е раздвижено. Денеска е втор ден од стопанско-туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер. На пладне организаторот приреди забава за најмладите, а вечерва е централниот настан. На градскиот плоштад ќе се одржи карневалската процесија, по што ќе има концерт Масимо Савиќ, кој веќе е пристигнат во Кавадарци. Пред кавадарчани и гостите на грозодберот настап ќе има и Кирил Џајковски.
„Сакам да упатам покана до сите граѓани на Македонија вечерва да дојдат на забава во Кавадарци. Имаме богата музикчка програма и им ветуваме дека ќе си поминат одлично на гроздоберот. Вечерва е и винскиот карневал, а и настапот на големите музички имиња Масимо Савиќ и Кирил Џајковси, а утре ќе настапат “Фрајле“, рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Тој искажа задоволство од големата посетеност. Синоќа рестораните и кафулињата во Кавадарци беа преполни.
На годинашниот тиквешки гроздобер учествуват 9 винарии и 2 месни индустрии. На вечерашниот карневал ќе настапат околу 1100 учесници распоредени во 27 карневалски поставки. Покрај домашните поставки на карневалот учествуваат и маски од Струмица, Прилеп, Перник-Бугарија, Птуј-Словенија, Едеса-Воден од Грција, Измир-Турција и Углевик.
Синоќа беше избрана и винската кралица, Симона Минова, која е заштитно лице на гроздоберот, а вечерва заедно со градоначалникот ќе кренат здравица за бериќетен гроздобер
А.Д
Додади коментар