ВИДЕО - Поставен камен темелник на концертна сала во музичкото училиште
20-07-2016 РЕГИОН

Денеска веднаш до зградата на Општинското основно и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“  отпочна изградбата на првата концертна сала “ во Кавадарци . Со поставувањето на камен темелникот на овј проект отпочна остварувањето на дамнешниот сон на вработените и учениците од ова училиште во насока на подобрување на условите за работа и одржување на концерти во професинална концертна сала. Проектот е финасиран од Локалната сапоуправа Кавадарци, Министерството за образование и наука и УСАИД.

                -Заложбите за изградба на концертна сала започнаа уште пред осум години кога музичкото училиште од бараките го преселивме во овој реновиран објект со помош на средства од УСАИД и денеска навистина се радувам што конечно едно од нанјаградуваното училиште во Македонија  ќе ја добие својата прва концертна сала. Локалната самоуправа финансира во делото до карабина на објектот по што настапуваме ние од УСАИД со изградба на покривната конструкција и  ентериерот се до уредување  што се надевам дека ќе се случи за неколку месеци кога ќе се слуќи и првиот концерт во новата сала- изјави Небојша Мојсоски од УСАИД , раководител на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.

 

                -Локалната самоуправа во овој проект учествува со 80 000 евра . Со изградбата на оваа концертна сала музичкото училиште во Кавадарци значително ќе ги подобри условите за работа со што ќе се создадат објективни услови да прерасне во едиственото средно музичко и балетско училиште во регионот- подвлече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

 

                За учениците и за вработените музички педагози новата концертна сала претставува уште поголем потстрек за постигнување на добри успеси и освојување на многу награди како и досега на државно и меѓународно ниво. За нас ова е историски ден и остварувањ на желбите истакна директорот на училиштето Златко Јованов. 

 

                Новата концертна сала на две нивоа со површина од 840 метри квадратни  ќе има современа акустична сала со 80 седишта, балетска сала со гардероби и санитарии, кабинет за етно музика плус четири  кабинети на вториот кат, сала за наставници и прострија за прием на гости. Акустиката во концертната сала е решена со примена на најсовремена технологија за акустични концертни сали  каде музиката се слуша ан плак без осзвучување. Фасадната обликовка е со енергетска ефикасност и ќе има топла врска меѓу зградата на музичкото училиште и концертната сала со посебен влез за гостите- изјави авторот на проектот архитект Илија Плачков.

 

Мирјана Мукаетова

 



Share

Додади коментар