Подготвени и мотивирани за победи и нови успеси на клубот се кошаркарите на „Фени индустри“. Денеска пред стартот на новото кошаркарско првенство беа претставени играчите и тимот ќе го води клубот. Беше речено дека екипата е 60 отсто подобра од минатата година, а тоа ќе биде повод да се врати публиката во салата и да се повторат успесите од минатото.
Генералниот директор на „Фени индустри“, Никола Ризов нагласи дека комапнијата е општествено одговорна и многу вложува и во делот на спортот и дека и оваа сезона безрезервно ќе ги подржат кошаркарите и клубот.
Диреkторот на КК „Фени индустри“, Трајче Пoпов го претстави тимот од кој годинава Кавадарци и навивачите многу очекуваат. Прв тренер на кошаркарите е Љупчо Малинков, а капитен е Горан Самарџиев. Во редовите на „Фени“ се приклучија и многу други кошаркари.
Тренерот на клубот, Љупчо Малинков на располагање има 12 играчи, а исто така во секој момент може да се надева и на пет играчи од кошаркарската академија на клубот. Најави силна игра и големи успеси.
“ Уште во првото коло може да изненадиме. Овие момци ќе дадат се од себе, ќе гинат на теренот за Фени и Кавадарци“ со голем оптимизам најави капитенот Горан Самарџиев, кој е повторно дел од тимот на „Фени индустри“.
Првиот натпревар Фени го игра во среда со МЗТ во Скопје. Целиот тим е подготвен и најави дека ќе дадат се од себе да се покажат во најдобро светло. „ Не би биле Фени, ако одиме нанатпревар да изгубиме, одиме да победиме“ рече капитенот Самарџиев.
Успешен старт во првенството, добри резултати и победа на натпреварот во среда, на кошаркарите од името на сите вработени во „Фени индустри“ им посака и ПР менаџерот , Надица Ставрова,
Од сите вработени им посака и претседателот на синдикалната организација на Фени индустри Илија Хаџи Николов.
Пред денешното претставување играчите имаа можност да се запознаат со технолошкиот процес на својот спонзор, да ја разгледаат фабриката и како што беше речено, да дознаат како спонзорот ги обезбедува парите.
Ангел Данов
Додади коментар