Вечерва се распламтуват коледарските
05-01-2015 РЕГИОН

Вечерва се пали традиционалниот коледарски оган. Луѓето се собираат околу коледарските огнови, а секое маало си има своја приказна па според истата си организира и прослава.Покрај коледарскиот оган вечерва започнува предбожиќното празнување. Кумот на вечерта по традиција се одредува на минатогодишниот коледарски оган со кршење на лепче во кое има само една паричка.Тој се грижи и за вечерашната церемонија- собира пари од соседите, негова е обврската да набави дрва, да организира група луже кои ќе варат блага ракија и луѓе кои ќ ги зготвата посните јадења, сарми, ориз, риба, гравче, посни колачиња.Покрај огнот вечерва се е посно бидејќи во тек се божиќните пости.

 

Покрај огнот се повикува и свештено лице за да го благослови огнот и прославата, а се организира и музика.Нашата црква е поделена во размислувањата за одржување на оваа традиција.Едни велат дека не е добро да се прекинува традиција која собира толку народ, и додаваат дека во коледарскиот оган треба да се најде симболика која ќе одговара на христијанското догматско учење.Други пак велат дека тоа се пагански обичаи кои пред одреден број на години се донесени од српската црква, тие велат дека вечерва треба да се помине во молитва и бдеење во исчекување на христовото раѓање.

Етнолозите укажуваат дека коледарските огнови изворно потекнуваат од паганско време кога се славело сонцето. Свештените лица на ова велат дека сепак се слави оној кој го создал сонцето, небото, земјата и универзумот.Првите коледари кои сепак вечерва ќе го запалат коледарскиот оган и при тоа ќе запеат, ќе заиграат и ќе се напијат топла ракија, ќе ги избркаат злите духови, барем такво е кај многумина верувањето.Утрешниот пак ден големиот Христијански празник Бадник, ќе го означат малите деца кои ќе одат по домовите од соседите, ќе чукаат на вратите и ќе пеат коледарски песни. 

М.М



Share

Додади коментар