Вечер на серенадата во Кавадарци
03-07-2014 РЕГИОН

Вистински боемски времеплов , вечер на серенадата и староградската песна со наслов  „Штом чукне полноќ....“ во организација на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ и Советот на општина Кавадарци  по вторпат се одржа овојпат во прекрасниот амбиент на летната бавча на ресторанот Бриони. Пееа со срце и душа , се потсетуваа на времето на  добрата серенада кога домовите на многу кавадаречки семејства беа ширум отворени за дружба со мерак песна  се до раните утрински часови кога најчесто завршуваа со традиционалниот кавадаречки појадок пешиите . Одбран е токму насловот штом чукне полноќ затоа што по полноќ паѓал договорот каде ќе се пее серенада- вели Љупчо Каров Бубо  кој заедно со групата „Трио Гранде“ ја разубави боемската вечер исполнувајќи неколку песни . Според раскажувањата на неговиот татко  се сеќава Бубо, во минатото најчесто на серенадата се давал збор за веридба меѓу момче и девојка кои се сакаат што секако е еден многу убав белег карактеристичен за кавадаречката серенада .

                                                                                                                                                                                                           Од друга страна серенадата раскажува  за  питомоста, гостропримливоста  и  ширината на жителите од Тиквешијата  кои сакале секој гостин да го пречекаат и  почестат со добро вино и ракија  . На годинашнава серенада зедоа учество најпознатите кавадаречки , тајфи , групи и бендови како и соло пеачи  кои  заедно со артистите од кавадаречкиот театар придонесоа за успешноста на ова второ издание  на боемската вечер  која треба да прерасне во традиција. Според зборовите на Владимир Темков директорт на Домот на културата како оргамнизатор основната замисла е оваа боемска вечер да прерасне во фестивал  на стартот на Кавадаречката културна есен во кој сите кавадаречки групи и пеачи ќе изведуваат песни од Никола Бадев.

изјава

            Голем е списокот на синоќешните учесници во кавадаречката боемска вечер како што се групите „Акустико бенд“, „Луда Мара“, Трио Мањифико“,„Токму Така“, Трио Гранде“ Тајфата на Димо Дулот“, Ристо Стојанов Амиго, Маријана Пешиќ, Ангел Тотов, Тошо Јосков –Топот и Тодо Салтаџиев Ѓуфот . 

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар