Велосипедска парада во рамки на месецот на спортот се одржа денеска во Кавадарци. Настанот го организира сојузот на училишни спортови со неколку партнер соработници, а целта е да се потикне велосипедизмот односно практикувањето возење велосипед, особено кај младите. Ако до лани учесник беше само едно средно училиште, годинава во велосипедската парада учествуваа сите училишта од Кавадарци и Росоман информира професорот по физичко образование Блаже Велков.Маршутата на денешната трка, изложбата на велосипеди и лотаријата исто така се дел од денешниот настан.
Велосипедот за најсреќниот денеска е само можеби еден убав спомен. Мотив за возење велосипед кај младите ќе се сложат повеќето би требало да биде пред се физичката активност, а со тоа и здравиот начин на живот.Учеството на младите денеска го поздравија не само луѓето од сојузот на училиши спортови, туку и претставници на локалната самоуправа и советот на општина Кавадарци.
М.Младенова

Додади коментар