Велосипедистите го разбудија Алшар
08-06-2016 РЕГИОН

Илјадници години стариот рудник Алшар во близина на Кавадарци повторно е во центарот на вниманието. „Допри го сонцето-откриј ја тајната за почетокот на светот“ е мотото на првиот отворен фестивал во планиски велосипедизам и планинарење низ пределите на Кожув Планина „Алшар 2016“ што ќе се одржи на 11. И 12. јуни во организација на здружението „Тиквешки точкаџии“ од Кавадарци.

 

Според програмата на фестивалот се нудат две  велосипедски тури и тоа голамата во должина од 52 км и малата 28 км , рекреативно планинарење на релации од 6 и 15км, кампување и забавни активности.  Претседателот на здружението „Тиквешки точкаџии“, Живко Гурев вели дека бројот на пријавени учесници ги надминал сите нивни предвидувања и очекува  викендов на Алшар  да  има над 1000 учесници што дополнително им ги зголеми организаторските активности на членовите на здружението.

 

                -Здружението за развој и унапредување на велосипедизам,екологија и алтернативен туризам  „Тиквешки точкаџии“постои од декември 2015 година меѓутоа како фејс група љубители на велосипедизмот функционираме  од 2014 година и верувам дека предизвикавме вистинска експанзија во популаризацијата на овој спорт . Последната година  во Кавадарци рапидно порасна продажбата на велосипеди  а велосипедисти да се искачуваат на висорамнината Витачево е секојдневна слика.

 

Идејата да организираме ваква велосипедска  манифестација    се роди при една наша посета на Алшар со помала група велосипедисти. Бевме воодуешени од пределите од таа недопрена природа, поттикнати од мистеријата која ја носи рудникот Алшар  минералот лорандит, ендемичната темјанушка виола алшарика  и многу другу нешта посакавме тоа да го споделиме со останатите љубители на природата, велосипедизмот и авантурата и еве со помош на неколку македонски компании како спонзори ќе го организираме првиот отворен фестивал во планински велосипедизам  и планинарење-велиЖивко Гурев. 

 

 

                Заради големиот интерес за учество во фестивалот членовите на здружението забрзано ги прават последните подготовки.Деновиве беше расчистен простор за кампувањево селото Мрежичко , извршена е дезинфекција и дезинсекција  на просторот со цел да се подобрат условите за престој на сите гости. Во„Тиквешки точкаџии“ има членови од сите профили и занаети, почнувајќи од доктори , електричари, механичари ,сопственици на бајк сервиси и многу други  па целата работа е на волонтерска основа  поткрепено со многу ентузијазам и желба да се востанови една манифестација со која ќе се гордеат идните генерации.

 

Тиквешките точкаџии  и покрај  големиот одзив за учество велат дека ќе се трудат да одговорат на сите барања на учесниците па затоа анагжираа добри рок бендови и десетина локални  диџеи кои ќе се грижат за забавниот дел, модератор ќе биде радио водителот Душко Стефанов  кој ќе ја најави  и премиерната  проекција на кавадаречката приказна „Ѓаволот од Мајдан“ во продукција на „Кавадион“  од Кавадарци.

 

Учесниците ќе може неограничено да се освежуваат со вода и безалкохолни пијалаци од програмата на „Кожувчанка“ и „Синалко“ а за време на ручекот неограничено жедта да ја гаснат со „Македонско пиво“. Покрај кампување во шатор за учесниците ќе биде обезбедено и сместување со 20% попуст во неколку сместувачки капацитети  во близина на Кавадарци и во летувалитето Михајлово. Учесниците со старниот пакет кој чини 500 денари добиваат маичка со логото, алка за учество, карта со нумерации, купон за ручен и наградно извлекување со вредни награди од кои главната е МТБ велосипед со силни компоненти и голема вредност објаснуваат  од организацијата.

 

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар