Велигденски ручек за децата од посебните паралелки во „Вила Бела“
16-04-2014 РЕГИОН

На заеднички Велигденски ручек денеска се дружеа дечињата од посебните паралелки при ООУ Страшо Пинџур Кавадарци. Ги почести Вила Бела за како што вели менаџерскиот тим и тие да се почувствуваат сакани и добредојдени.Секогаш има фирми и поединци од Кавадарци што сакаат да ги усреќат овие дечиња осебено на празници вели дефектологот Зоран Велков изразувајќи и огромна благодарност до луѓето од Вила Бела.

 

Од име на менаџерскиот тим на Вила Бела за медиумите зборуваше Костадинка Јованова која вели едногласно целиот тим решивме овие дечиња да бидат заедно со нас и тука да се слави големиот празник Велигден.

 

Овие деца се секогаш добредојдени тука, денес ќе им покажеме гостопримливост, љубов и еднаквост.Ќе ручаме заедно и ќе им се радуваме на велигденските украси со љубов изработени за нив вели Јованова. Инаку велигденските подароци кој денес ги добија дечињата од посебните паралелки се рачни изработки.Ги работевме заедно, ние менаџерите, нашите вработени и нивните сопружници.Заеднички придонесовме за радоста на овие дечиња раскажува Костадинка Јованова.

М.М

 



Share

Додади коментар