Велешани пет дена дишеле загаден воздух
18-12-2014 РЕГИОН

 Пет дена по ред велешани вдишувале загаден воздух.. Ова го покажуваат резултатите од анализата на центарот за управување со кризи.. Во неделниот извештај се наведува дека од 12-ти до 17-ти декември, мерната станица во градот регистрирала зголемено присуство на суспендирани честички во воздухот..Така од минатиот петок до овој вторник, секој ден била надмината границата од 50 микрограми на метар кубен.. Pm10 суспендираните честички најголема вредност достигнале во деновите од викендот.. Во саботата на метар кубен воздух евидентирани се два пати повеќе од дозволената граница или над 150 микро грами, додека во неделата мерните инструменти покажале вредност од близу 140 микрограми..

Квалитетот на амбиенталниот воздух се следи преку интернет страницата на министерството за животна средина.. Секој час се објавуваат податоци за присуството на суспендирани честички во воздухот како и на вредности за останатите загадувачки супстанции.. Се следи концентрацијата на јаглерод моноксид, озон и сулфур диоксид.. Нивните вредности се постојано далеку под максималните вредности..

Инаку според податоците објавени на интернет страницата на министерството за животна средина, денеска воздухот во велес има средна загаденост со суспендирани честички.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар