Велес ќе ја усвои стратегијата за локален економски развој
28-10-2014 РЕГИОН

Општина Велес ќе усвои стратегија за Локален економски развој.. Во соработка со Ценарот за развој на Вардарскиот плански регион ќе се одредат насоките за развој на економијата во наредните пет години..

Документот ќе содржи правци ,насоки и предуслови кои треба да се исполнат за да се подобри економската слика во градот.

 

Претприемништвото и развојот на малите и средни претпријатија е една од шесте стратешки цели кои се детектирани во документот. Тие во локалната економија завземаат значајно место. Според последните податоци во општина Велес регистрирани се 1748 фирми од таков тип.

Најмногу или скоро половината се од трговијата, потоа следуваат транспортот, складирањето и градежништвото..

 

Стратегијата за локален економски разовј ќе биде на дневен ред на  26-тата седница на општина велес.. ако се прифати не значи дека ќе биде и конечна верзија, вели претседателот на советот, колев.. ќе биде отоврена за измени во зависиснот од потребите.

З.Ј



Share

Додади коментар