Велес се подготвува за манифестацијата „Велешка питијада“
24-09-2015 РЕГИОН

30-тина производители на пити и вино ќе се претстават пред гостите. Од локалната самоуправа велат дека има голем интерес. Искуствата од минатите години ги натерале учесниците да побараат и поголем простор. Градоначалникот Славчо Чадиев вели дека во зависност од просторните услови, на сите производители ќе им се понуди соодветна големина на штандовите.

 

Инаку за добрата забава на гостите, оваа година свои настапи ќе имаат 20-мина пеачи.. Во петокот настапуваат Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Анета Молика, Миле Кузмановски. Следната вечер пред публиката настапуваат Елена Ристеска, Влатко Лозановски и групата Парни Ваљак. Во неделата настапуваат Ален Хасановиќ, Александар Тарабунов, Калиопи и ДНК. Од локалната самоуправа велат дека за време на одржувањето на питијадата ќе има и засилени мерки за контрола на одвивањето на сообраќајот.. со посебен план ќе се регулира движењето и паркирањето на возилата..

 

Инаку за прв пат оваа година, дел од забавата ќе се дислоцира од улицата пред гимназијата. Во саботата вечерта веднаш по настапот на групата Парни Вваљак, музичката понуда за гостите ќе продолжи на ракометниот терен во градскиот парк.. тука младите ќе ги забавуваат ди-џеи..

инаку манифестацијата велешка питијада ќе се одржи од 9 до 11 октомври.

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар