СТАРИТЕ УЛИЧНИ СВЕТИЛКИ ОД ВЕЛЕС, ВО ИДНИНА ЌЕ ГИ КОРИСТИ ОПШТИНА ГРАДСКО.. 50 СВЕТЛЕЧКИ ТЕЛА ЌЕ И ДОДЕЛИ ОПШТИНА ВЕЛЕС НА СОСЕДНАТА ГРАДСКО.. ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЧНАТА МРЕЖА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ.. ОДЛУКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ТРЕБА ДА ЈА ОДОБРИ ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ.. ИДЕЈАТА ЗА ДАВАЊЕ НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА СТАРИТЕ СВЕТИЛКИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПО БАРАЊЕ НА ОПШТИНА ГРАДСКО..
СКОРО 3 ИЛЈАДИ СВЕТЛЕЧКИ ТЕЛА СЕ СКЛАДИРАНИ ВО МАГАЦИНОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА.. ОВДЕ ЗАВРШИЈА ОТКАКО ОПШТИНА ПРЕД ОКОЛУ ПОЛОВИНА ГОДИНА ПОЧНА ДА ГИ МЕНУВА СТАРИТЕ ЖИВИНИ СО НОВИ НАТРИУМОВИ СВЕТИЛКИ.. СПОРЕД ТЕХНИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ОВИЕ ИМААТ ТРИ ПАТИ ПОДОЛГ РАБОТЕН ВЕК.. АКО ДОСЕГАШНИТЕ ЖИВИНИ ИМАА 4 ИЛЈАДИ РАБОТНИ ЧАСОВИ, НОВИТЕ ШТЕДЛИВИ ИМААТ ТРАЈНОСТ ДО 12 ИЛЈАДИ.. ВАКВИ СВЕТЛЕЧКИ ТЕЛА СЕ МОНТИРАНИ НА ВКУПНО 2915 СИЈАЛИЧНИ МЕСТА.. ИНАКУ ЦЕЛИОТ ПРОЕКТ ЗА ОБНОВА НА УЛИЧНАТА МРЕЖА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ СЕ РЕАЛИЗИРА СО КРЕДИТ НА СВЕТСКАТА БАНКА.. ОПШТИНАТА СЕ ЗАДОЛЖИ СО 300 ИЛЈАДИ ЕВРА.. ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВЕЛАТ ДЕКА ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ОД ЗАШТЕДАТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА.. ОСВЕН ШТО ЌЕ СЕ ВРАТИ КРЕДИТОТ, ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ ПРОШИРИ И МРЕЖАТА ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, СМЕТААТ ВО ОПШТИНАТА..
З.Јаневски
Додади коментар