Нов сообраќаен режим е воведен на влезот во Велес.. Со кружен тек се регулира движењето на возилата кои доаѓаат од штипска страна.. Токму оваа раскрсница беше црна точка во собрааќајот. Кружниот тек е изграден со општински пари, локалната самоуправа инвестираше над 7 милиони денари..
-Оваа кружна раскрсница е всушност почеток на патниот правец Велес-Штип до Кадрифаково, проект на владата познат како експресен пат, истакна Славчо Чадиев, Градоначалник на општина Велес.
Предавањето во употреба на кружниот тек е дел од програмата за одбележување на денот на ослободувањето.. Се доделија и највисоките општински награди.. Спомен плакета доби и министерката за култура за придонесот во изградбата на новиот театар..
-Велес доби современ, исклучително функционален технички и технолошки супериорен објект опремен согласно највисоките светски стандарди, изјави Елизабета Канчевска-Милевска, Министер за култура.
З.Ј

Додади коментар