Велес го продава стариот театар
10-06-2015 РЕГИОН

Општина Велес ќе го продава стариот театар. Архитектите утврдиле дека зградата е во лоша состојба и не може да употребува. Заклучено е дека објектот треба да се урне и на негово место да се изгради нов објект. Од локалната самоуправа велат дека во тек е изработка и на деталниот урбанистички план со кој ќе се предвиди нов објект на оваа локација. Предвидено е да го гради приватен инвеститор..

Плановите на локалните власти предвидуваат на локацијата кај стариот театар да се гради објект со станови и деловни простории.. Според најавите, во новата зграда ќе има и простор во кој треба да работи дневен центар за лица со пречки во развојот..

Стариот објект на театарот, општина велес го доби во февруари годинава. Државата одлучи да го отстапи на трајно користење откако заврши преселбата на театарските работници во новата зграда..

Инаку просторот на кој се наоѓа стариот театар има површина од околу илјада метри квадратни. Според проценките на локалните власти овој имот вреди околу 200 илјади евра.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар