Ваташани започнаа да градат црква посветена на Св.Архангел Михаил
06-11-2014 РЕГИОН

Веднаш до старата црквичка на гробиштата во село Ваташа денеска се осветија темелите на новата црква што ќе гради овде,  посветена на Свети Архангел Михаил. Осветувањето го изврши митрополитот на Повардарската епархија г.Агатангел во сослужение со парохијскиот свештеник од црквата Св.Богородица во Ваташа и свештеници од храмот Св. Димитрија Кавадарци . На овој свет чин присустуваа голем број верници од Ваташа и  претставници на локалната самоуправа. Проектот за црквата што ќе се гради со доброволен прилог на жителите на Ваташа и останатите верници од регионот го изработи архитектот  Илија Плачков, а градежните работи ќе ги изведува ГП „Планум“ од Кавадарци.

 

Пред присутните верници на чинот на осветување им се обрати владиката г.Агатангел и им порача на верниците да живеат секогаш во слога, разбирање и да се вклучат со свои донации во изграбата на новата црква во Ваташа.

„Се надеваме дека ова богоугодно  дело ќе се заврши со успех. Оваа црква е  од големо значење и од голема потреба, а ќе биде  изградена на овие свети гробишта. Живееме во 21 век кога потребите не само на човекот,  туку на целото божјо создание се посакува да биат поусовршени. Оваа црква ќе биде од големо значење,  бидејќи тука,  во близина на гробоиштата ќе ги испраќате вашите покојни блиски. Ќе се молите за царство небесно и спасение на нивните души“ им рече на верниците г.Агатангел и апелираше секој во рамки на своите можности да донира за изградба на цркавата.

 

„Доволно е и со една цигла,  со еден камен да се вградиме. Не сме многу богати,  но можеме сите зеднички да се организираме. Секој по  100 денари да даде, за кратко време ќе успееме да ја изградиме црквата. Тие што пушат нека се откажат од цигарите еден  ден.  Имајте слога ве молам, немојте да се напаѓате, да се оговарате“ апелираше владиката.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар