Васко Стефанов назначен за претседател на ОО на СДСМ Неготино
27-09-2013 РЕГИОН

„Во тимот што ќе ја предводи организацијата во Неготино на едно место се младоста и искуството. Просекот на возраста на членовите на Извршниот одбор изнесува 37 години.  Општинската организација на СДСМ, во духот на младинската бунтовност, но и на искусните постапки, во соработка со вас, ќе гради политики исклучиво во интерес на граѓаните. Истовремено порачуваме дека остро ќе се спротивставиме на сите погрешни чекори на владејачката партија, а тие се многу!“ рекоа социјалдемократите од Неготино на пресконференција на која го претставија новото раководство.

За претседател на општинската организација на СДСМ во Неготино од страна на претседателот Зоран Заев именуван е Васко Стефанов.

Е.Д



Share

Додади коментар