Општините од Вардарскиот плански регион ќе градат меѓународна соработка во повеќе сегменти со регионот Голењов од Полска.
Ова уследи откако на последната седница на советот на Вардарски плански регион сите градоначалници дадоа подршка на одлуката за една ваква соработка со регион кој доаѓа од земја членка на ЕУ.
Вчера во Велес беше потпишан договор за соработка. Го потпишаа градоначалникот Славчо Чадиев во својство на Претседател Советот за развој на ВПР, Томаш Станиславски – Претседател на регионот Голењов и неговиот заменик Томаш Кулинич.
Со овој Договор за соработка, двата региони ја утврдија потребата од зајакнување и развивање на пријателски односи и промовирање на партнерства за заедничко разбирање и подобро меѓусебно запознавање меѓу двата народа.
Денеска гостите од Полска заедно со претседателот на Вардарски плански регион и градоначалник на Велес, Славчо Чадиев беа во посета на Кавадарци. Од градоначалникот Алекснадар Панов беа запознати со она што располага општината во повеќе сегменти, а може да биде предмет на развивање на сорабтоката со Голењов.
Чадиев е оптимист дека соработката ќе се продлабочува и ќе биде одлична можност да се црпат нови искуства.
И градоначалникот на Кавадарци, Панов, има големи очекувања од оваа соработка.
Взаемната соработка ќе се остварува со вклучување на учесници од регионот Голењов и Вардарскиот плански регион во процесите на планирање и реализација на заеднички проекти во интерес на граѓаните на двата региони, меѓу кои: pазвивање на институционално партнерство засновано на принципот на реципроцитет во рамките на надлежностите, поттикнување на граѓанската свест за развојот на локална демократија, преку реализација на взаемни активности на здруженија на граѓани од двата региона, поддршка на програмите за размена на знаења и искуства на учесници од институциите, деловната заедница и граѓанскиот сектор, oхрабрување на меѓународната мобилност на младите во двата региони, заедничко спроведување на проекти за поддршка на локалната власт во следниве области: институционален развој, младински политики, локален економски развој, политики за заштита и вреднување на културното наследство, животна средина, вреднување на природните ресурси, pазвој на одржлив туризам, oбразование, cпорт, учество на граѓаните.
Претседателот на регионот од Полска, Томаш Станиславски истакна дека ќе ги понудат сите искуства како земја членка на ЕУ и Македонија да ги користи благодетите и побрзо да напредува во влезот кон унијата.
Ангел Данов
Додади коментар