Десет ипол годишниот Ване Бошев од Неготино го искачи врвот Мормулада Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри надморска височина. Искачувањето било преку виа фирата, стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите.
-За овој подвиг интензивно се подготвуваше на македонски планински врвови. Во тоа многу му помогнаа Магдалена Климова од Охрид и Александар Кленов од Демир Капија. Уште еднаш ги почувствува убавините но и ризиците на планините, рече денеска неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.
Експедицијата броела 12 планинари, пет од Македонија и седум од Србија.
Младиот неготинец планинари од неполни три години. Досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство и многу признанија.
Додади коментар