Над половина милион евра е зголемен општинскиот буџет.. на последната општинска седница е усвоен ребалансот со кој се предвидени повеќе пари за реализација на 10-тина програми.. зголемувањето на средствата е резултат на интензивните градежни работи кои ги изведува локалната самоуправа, велат од комисијата за финансирање и буџет..
Претстедателот на општинскиот совет вели дека најголема измена претрпува програмата за уредување на градежно земјиште.. со ребалансот на последната седница, оваа програмата доби дополнителни 200 милиони денари..
Ребалансот на општинскиот буџет го раздвижи и градежниот сектор сметаат економистите.. реализацијата на проектите од програмата за уредување на градежно земјиште ќе значи ангажирање на повеќе градежни компании..
Локалните власти очекуваат дека во следниот период во општинската каса ќе се слеат и дополнителни пари.. најголем прилив се очекува од продажбата на парцелите во индустриската зона караслари..
Инаку со ребалансот нови буџети добиваат програмите за локален економски развој, здравствена заштита, уредување на градежно земјиште.. дел ќе добијат повеќе пари, кај други пак ќе се намали предвидената сума за реализација.
Зоран Јаневски

Додади коментар