Буџетот за 2018 на Кавадарци ќе се разгледува на утрешната седница
26-12-2017 РЕГИОН

Буџетот за 2018 на општина Кавадарци и одлуката за негово извршување се меѓу точките на дневен ред на петата редовна седница на кавадаречкиот совет.

 

 

Седницата ќе се одржи утре, а ќе се разгледуваат и одлуката за утврдување на вредноста на бодот на платите на административните службеници за 2018, одлуката за благајунички максимум и буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот за 2019 година.

 

На дневен ред е и решението за разрешување и именување на членови на штаб за заштита и спасување на општина Кавадарци, одлуката за давање на трајно користење автобус на ООУ „Страшо Пинџур“ и годишната програма за работа на домот на културата „Иван Мазов Климе“ за 2018 година.

 

Советот ќе одлучува и по измените на финансискиот план за 2017 на ЈП Комуналец, програмата за работа следната година и финансискиот план за 2018 година, одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, финансискиот план и програмата за работа на МЏЕЦ Лукар и програма за работа и развој на ЈП за стопанисување со спортски објекти ,,Мито Хаџи Василев-Јасмин,, Кавадарци за 2018 година.

 

Почетокот на седницата е закажан за во 12 часот.

 

А.Д



Share

Додади коментар