Бројни проекти реализирани во Ваташа во изминативе две години, се најавија и нови
28-10-2019 РЕГИОН

Градоначалникот Митко Јанчев од Ваташа вечерва започна со серијата средби со жителите на урбаните и месните заедници. На овој начин, директно граѓаните учествуваат во креирањето на програмата за комунална изградба на општината за следната година, согласно нивните приоритети.

 

Во Ваташа вечерва се најавија неколку значајни проекти кои ќе се реализираат следната година. Меѓу нив е пешачка патека до Моклиште, спојуање на кејот до брушански мост, изградба на спортска сала во училиштето „Димката Ангелов Габерот“, а исто така ќе се реконструира и уличното осветлување на улицата „Страшо Пинџур“.

 

Во изминативе две години во Ваташа се реализирани неколку десетици проекти или од општинскиот буџет беа потрошени 1,5 милиони евра за подобрување на условите за живот во селото.

 

Ваташани вечерва добија флаери од општината, како потсетување на се она што е реализирано.

 

Се изврши поплочување на улиите „Перо Видев“ и „Даскал Камче“, „Боро Ваташки“, „Ристо Џондев“,споредна улица на „Страшо Пинџур“ и дел од „12 другари“. Исто така беше поплочен патот до манастирот Свети Никола.

 

Покрај поплочување, се постави и нова вовододна линија на улицата „Данко Дафков“. На „Перо Видев“ беше изграден и потпорен ѕид во должина од 30 метри. Целосно се реконструира спомен одмот „12 другар“, хортикутурно се реновираше споменикот „12 другари“ и просторот околу зградите „Силекс“.

Во Ваташа се гради и но мост  од ЈП за државни патишта по иницијатива на општината. Овој мост е со вредност од 480 илјади евра. Исто така се изгради кејот во селото.

 

Месната заедница деновиве ќе ги достави до локалната самоуправа сите приоритети кои ги побараа ваташани на вечерашната средба.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар