Бројни градежни активности во Кавадарци - еве каде се работи
21-06-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци ја реализира наредната фаза од изградбата на проширувањето на „Западен булевар“.
Ангажираната фирма изведувач „Градба промет“ работи на поставување на павер елементи на источниот тротоар од булеварот.


Според проектот се гради нов тротоар во должина од 2х1000 метри, со широчина од 2 метри. Овде се поставуваат бехатон плочки на вкупна површина од 4 000 метри квадратни.


Со реализацијата на овој капитален инфрструктурен проект, северниот влез во Кавадарци, од правец на Скопје преку Росоман. ќе биде целосно урбанизиран и осовремен.

 

Фирмата „АС Машини“ од Кавадарци денеска заврши со изградбата на тротоар на дел од улицата „Ѓоре Брушански“.
Со изградбата на овој тротоар Општина Кавадарци реализираше уште еден комунален проект кој го предава на користење на граѓаните.


Со овој зафат се надоградија дополнителни 500 метри квадратни тротоар, поплочен со павер елементи со што целата лева страна од Кавадаречки дол долж оваа улица сега има урбанизиран тротоар.


Претходно општината го расчисти запуштениот простор со отстранување на ѓут и диво оставени предмети, ја оформи патеката на тротоарот и постави нови рабници.


Со овој проект се подигна квлитетот на живеење на граѓаните од овој дел на Кавадарци кои и ја дадоа иниоцијативата за урбанизација и оплеменување на просторот.

 

Во фаза на релизација е уште еден комунален проект со чија изградба ќе се реши значаен комунален проблем за дел од жителите на улицата „Ѓоре Брушански“.

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „„Мулти градба“ гради армирано бетонски потпорен ѕид во должина од 16 метри.
Ова е втора фаза од проектот кој започна да се релизира минатата година.

 

Со изградбата армирано-бетонскиот ѕид ќе се стабилизира земјиштето, а ќе се дооформи и коловозот на двете улици под и над ѕидот.

 

 

Оштината преку оперативата на ангажираната фирма „Мулти градба“ од Кавадарци реализираше уште еден комунален проект.

На улицата „Февруарски поход“ е изграден потпорен ѕид од бетонски цигли ао намена за стабилизација на земјиштето и проширување на јавно прометната површина од учицата и просторот над ѕидот за влез во куќите.
Проектот се рализира на барање на граѓаните, а со неговата реализација општината реши уште еден проблем кој се провлекува низа години.

 

 

 


Share

Додади коментар