СДСМ по низа години за првпат има повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев е попопуларен политичар од Никола Груевски...
Според анкетата на Брима, по изборот на новата влада, СДСМ по низа години за првпат има повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев е попопуларен политичар од Никола Груевски. СДСМ има поддршка од 22,4, а ВМРО-ДПМНЕ од 19,8 проценти од анкетираните граѓани.
Кај македонските гласачи, ВМРО-ДПМНЕ има за 0,9 проценти поголема поддршка од СДСМ, но кај вкупниот електорат, Социјал-демократите имаат предност од 2,6 насто, бидејќи ја имаат поддршката од 6,3 проценти од етничките Албанци и 15,1 насто од другите етнички заедници, покажува анкетата.
Во албанскиот политички кампус ДУИ и натаму ја задржува предноста пред БЕСА и Движењето за реформи во ДПА. На позитивната листа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев има 17,7 проценти поддршка, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски 13 насто. На негативната листа, пак, 27,6 насто од анкетираните одговориле дека најмалку му веруваат на Никола Груевски, а на Зоран Заев 18,7 насто.
Кај гласачите Македонци, Заев и Груевски на негативната листа се изедначени со по 26,1 насто. Истражувањето на Брима е спроведено во периодот од 2-ри до 12-ти јуни, лице в лице во домовите на анкетираните, а биле опфатени 1.193 граѓани.
Извор: МРТ

Додади коментар