На тема брзината како причина број еден за сообраќајни незгоди денеска дискутираше советодавната група на граѓани во Полициската станица Кавадарци. Со седницата раководеше инспекторот за превенција по сообраќајни работи Диме Крстев, а свое видување за целата ситуеција поврзана со темата пред присутните изнесе и командирот на одделението за безбедност во патниот сообраќај Зоранчо Добринов.Статистичките податоци на Кавадаречката Полиција надлежна за Кавадарци и Росоман велат дека во изминатата 2012 година се случиле 200 сообраќајни незгоди од кој во 38 сличаи брзината била причина, а незгодите завршиле со 7 лица загинати.
Годинава до сега се случиле 196 сообраќајни несреќи кај кој повторно во најголем дел причина е не прилагодената брзина, а завршиле со 6 жртви. Нај критичен е патниот правец Градско- Пилеп потенцираше Крстев на советодавната група. Токму на тој правец се случлувале најголемиот број од сообраќајните незгоди кој завршуваат со смртни последици, телесни повреди и високи материјални штети.Инспекторот во својата презентација ги наведе дозволените брзини на движење низ автопатите, но ја потенцираше и брзината низ улиците во Кавадарци која изнесува до 50 километри на час и за жал често не се почитува.Само за споредба Крстев ја спореди 2001 година кога на ниво на Македонија во сообраќајни незгоди загинале 87 лица, во 2010 134, а годинава до сега 140. Инспекторот вели со години неприлагодената брзина е водечка на листата на причини за сообраќајни незгоди, веднаш по неа второто место во причините го зазема неправилното пристигнување и трет е алкохолот. Што е клучниот фактор за да се промени ваквата ситуација, командирот Добринов вели најважна е едукацијата и подигањето на свеста кај возачите.
Нема универзално решение за овој проблем,но постојат методи по кој може да се делува на истиот смета пензионираниот наставник по техничко образование.
Во дискусијата се вклучија поголем дел од присутните.Началникот на брза помош Кавадарци доктор Антоан Паракеов побара од авто школите во делот на теоретската обука кој тие ја вршат да ги вметнат и видео спотовите кој беа презентирани на состанокот.Според Паракеов морбидната содржина на истите би внесила страв за поголема одговорност кај идните возачи, но даде и предлог да бидат поставени повеќе билборд плакати низ градот со содржина дека неприлагодената брзина убива.Со неговиот предлог се сложија и претставниците на авто школите од градот. Но посочија дека пред нивната многу поважна е и сообраќајната едукација која кандидатите особено најмладите ја добиваат од своите родители кој често на неа заборавааа купувајчи им многу побрзи автомобили октолку што смеат да управуваат нивните деца почетници во сообраќајот.
Кавадаречките авто школи предложија во делот на градот каде се наоѓаат училиштата да се иницира предлог за измена односно ограничување на брзината , а доколку се обезбедат и финансии да бидат поставени и виде камери за надзор.Сите овие предлози, но со свои констатации и со реална слика од терен ги прифати и Полицијата. Дадените предлог заклучоци од состанокот беа ставени на хартија по која ќе се превземаат мерки и ќе се делува понатаму. Инаку меѓу присутните имаше претставници од сите институции директо или индиректно вклучени во сообраќајот како истите би дале свој придонес како да се подигне свеста кај граѓаните дека неприлагодената брзина убива и мора да се внимава и вози според правилата и законот.
Mилица Младенова

Додади коментар