Бојан Захариев шеф на стручниот штаб на ФК „Љубанци“
03-08-2016 СПОРТ

Бојан Захариев е новиот шеф на стручниот штаб на ФК “Љубанци“ од Кавадарци. Тој е некогашен в.д претседател на ФК „Вардар“ од Скопје. Исто така работеше  и во редовите на Брегалница, а минатата сезона  беше и тим менаџер на екипата на Царев Двор. 

Од извори блиски до клубот, добивме информација дека  на проба во нашиот клуб се дојдени Наумче Бакрачески од Струга, како и Александар Стојановски и Марко  Костенчевски и за нивниот евентуален ангажман допрва треба да се изјасни новиот тренер.

 

Сашко Ристов и дефинитивно е најзвучното засилување за тимот на “Љубанци“ од Кавадарци, додека трансферот на Тошо Делов ќе причека додека не стигне сертификатот од БФФ. Има и неколку млади фудбалери кои минатата сезона беа дел од други клубови, а сега се вратија во матичниот клуб.

И официјално Љупчо Филипове главниот координатор на ситемнладински екипи, а како тренери ќе работат сите досегашни тренери кои работеа во склоп на екипите „Тиквеш 2014“ и „Тиквеш 2009“.

 

Екипата на „Љубанци“ од Кавадарци денеска игра уште еден контролен натпревар и тоа со екипата на Плачковица во Радовиш, што биде убава можност за новиот тренер да се запознае со можностите на тимот и квалитетите на поединците.

Можно  е за време на претстојниот викенд да се одигра уште една контролка пред стартот на второлигашката сезона на 13 август.

 

Мики Виденовиќ



Share

Додади коментар