Борците одбележаа 71 година од формирањето на Втора македонска ударна бригада
19-12-2014 РЕГИОН

Претставници на сојузот на борци Кавадарци и нивни  подржувачи денеска им одадоа почит на загинатите борци од втората ударна бригада и од другите единици од втората светска војна и другите војни во Македонија. Положија свежо цвеќе на споменикот на командантот на втората ударна бригада Диме Туриманџов Горски.

За подвизите и постигнатите резултати пред присутните говореше секретарот на општинскиот сојуз на борци Кавадарци, Илија Браов. 

„ Се навршуваат 71 година од формирањето на втората македонска народноослободителна ударна бригада која е формирана на 20 декември 1943 во село Фуштани  Егејска Македонија. Во нејзиното формирање учествуваат дотогаш формираните партизански одреди „Страшо Пинџур“, „Стив Наумов“ и Христо Ботев. За време на формирањето бригадата брои 350 борци а поголемиот дел од борците биле од Тиквешкиот регион и затоа често оваа бригада се нарекува и тиквешка бригада.  Веднаш по формирањето започнала со борбени дејствија во реоните на Тиквешијата и гевгелискиот регион.  Во почетокот на јануари 1944 година бригадата води борби во појасот на секторот  Вардар и Мариово и го попречува сообраќајот на главните комуникации,  кои што водат од Грција кон Германија.  Ги попречуваат патните правци Гевгелија-Скопје и Прилеп-Велес. Втората бригадда учествува и во борбите кај Смеса. За време на своите борби има повеќе успеси. На непријателот им задава големи загуби, а бригадата се соочила со помали загуби. Од 27 март до 15 мај има загинато 7 војници. “ рече Браов и нагласи дека Бригата учествува и во формирањњето на првата македонска дивизија во село Шешково и е присутна во сите борбени дејствија се до  завршетокот на војната. Традициите на втората македонска ударна бригада ги продолжува втората бригада во Кавадарци.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар