Тежок е товарот кој го носите но тој е скалило поблиску до бога.. Вака владиката Агатангел им го честиташе божиќ на децата со церебрална парализа и нивните родите од велес.. Традиционално, повардарската епархија и локалните власти на овој ден приредуваат забава за лицата со попречености..
Организаторите на божиќната забава поделија и новогодишни пакетчиња за лицата со церебрална парализа.. Од локалната самоуправа велат дека и во иднина ќе продолжи поддршката за оваа категорија граѓани..
Здружението на лица со церебрална парализа во Велес брои 50-тина членови. Претседателката Далиборка Златева смета дека ваквите манифестации се огромна поддршка за семејствата.
Деветта година по ред се одржа божиќната забава. Oвој пат ја поддржаа организацијата на жени и пензионерките од градот.
З.Ј
Додади коментар