Уште еден успешно реализиран хуманитарен Божиќен концерт остави денеска зад себе ОМБУ Лазо Мицев Рале Кавадарци. Концертот по традиција се одржа во домот на културата Иван Мазов Климе, а публиката наместо влезница донесе чоколади кој ќе им бидат подарени на дечињата од социјално загрозените семејства. Од името на домаќинот на присутните среќни празници им посака директорот Владимир Темков ветувајќи година повторно културно богата, а концертот за отворен го прогласи директорката на музичкото училиште Весна Арангелова.
Божиќната песна на сопранот Марта Ристова и Ана Арангелова на пијано и двете наставнички во "Лазо Мицев Рале" го отвори концертот на кој настапија дел од редовните ученици во училиштето како и неколку ученици кој од кавадаречкото музичко училиште образованието по музика го продолжија со средно музичко образование во Битола и Скопје. Алегрото на Бах на пијано го отсвири Зорица Јовчева, Ристе Спанџов на пијано свиреше Соната од Хајд, Полонеза на Шопен на пијано ја отсвири Лилјана Стојковска, Дијана Мирчевска на виолина свиреше Алеманда од Бах, Берсеза на Шопен отсвири Анастазија Голчева на пијано и Бумбаровиот лет на Корсаков го слушнавме во изведба на Идает Сејфулов на кларинет и Ивана Јанаќиева на пијано. Божиќ музика Чоколадо празник за ушите на публиката љубител на класиката и слатка закуска за дечињата од социјално загрозените семејства.
M.M
Додади коментар