На армискиот полигон Криволак во тек се боеви гаѓања. До 12 јули ќе се извршуваат гаѓања во реоните на Џидимирци, Кршковица, Чуј Петел, Козарник, Бел Камен и Брест, а до 15 август боеви активности ќе се вршат во реоните на Мушанци, Кукулци, Рајачки рид, Манчова цуцка и Кашаи Тубре.
Во овој период се забранува секакво движење и претстој на луѓе, моторни возила, стока како и оставање на моторни возила. Од армискиот полигон апелираат до граѓаните да не земаат или допираат неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку пронајдат истите да ги обележат и за тоа да пријават во командатана гарнизон Криволак, СВР Штип или во полициските станици во Неготино, Кавадарци и Градско.
Во известувањето од АП Криволак се нагласува дека реоните во кои ќе се извршуваат боеви гаѓања ќе бидат обележани согласно законските прописи во АРМ.
А.Д
Додади коментар